Кој ќе биде новиот ракометен селектор?!

Нашата ракометна федерација во понеделникот распиша конкурс за избор на нов селектор на репрезентацијата. Наследникот на Ивица Обрван, ќе треба да подготви 4 годишен план и програма за националната репрезентација, на која и претстои подмладување. Според многумина, апсолутен фаворит во трката е актуелниот менаџер на Металург, Лино Червар. 

Упатените сметаат дека во моментов не постио селектор кој подобро ќе ја води нашата репрезентација низ транзицискиот период од хрватскиот стратег. Червар на два наврати ја има одбиено нашата федерација, одбивајќи да ги даде своите услуги, последен пат во 2013-та.

Како и самиот вели: „Тешко дека ќе ги одбијам македонците по трет пат“; но, Червар сака да ја задржи и работата во Металург. Вели дека сеуште нема донесено финална одлука, но смета дека би било клучно да работи и со Металург и со репрезентацијата. Во Металург, тој вели дека има 12 мина млади, исклучително талентирани играчи кои се иднината на македонскиот ракомет, па би сакал паралелно да работи и постојано да ги има „на око“.