Кој е патот до среќата?

Среќни се оние кои љубат, среќни се оние кои се благодарни.
Среќни се оние кои се смирени.
Среќни се оние кои го пронашле рајот во себеси.
Среќни се оние кои даруваат со радост и добиваат подароци со радост. Среќни се оние кои трагаат.
Среќни се оние кои се разбудени.
Среќни се оние кои го слушаат гласот на Бог.
Среќни се оние кои го спознале единството.
Среќни се оние кои го спознале вкусот на спознанието на Бог.
Среќни се оние кои живеат во хармонија.
Среќни се они ја спознале убавината во светот.
Среќни се оние кои му се откриле на сонцето.
Среќни се оние кои течат како река.
Среќни се оние кои се подготвени да ја прифатат среќата.
Среќни се оние кои се мудри. Среќни се оние кои се спознале себеси.
Среќни се оние кои се засакале себеси.
Среќни се оние кои му се благодарни на животот.
Среќни се оние кои создаваат.
Среќни се оние кои се слободни.
Среќни се оние кои простуваат.