Кој е најзначајниот комплимент кој и го дадов на мојата девојка?

Таа ме гледаше чудно, не знаеше како да го прифати.

Јас и реков дека е удобна.

Уште кога бев мал, имав една неверојатна навика.
Не знам како се појави, но по мојот развод беше уште позабележителна. Се повеќе и повеќе го забележував моето однесување кога почнав повторно да излегувам со девојки.

Кога нешто не ми е удобно, си заминувам. Кога се сомневам во нечија лојалност или намера, јас прекинувам. Ако некој ми делува нечено, мене ми е невозможно повторно да верувам.

Не велам дека ова е најдобрата работа на светов, едноставно го опишувам мојот одбранбен механизам.

Но, тогаш се појави таа...

Не знаев друг начин како да и објаснам како се чувствувам освен тоа дека таа е удобна.

Нејзе и е удобно во сопствената кожа и кога поминуваш време со такви луѓе не може да не се чувствуваш мирно.

Таа оди самоуверено, горда на себе и во тоа што верува.

Удобна.

Како кога седиш дома и удобно гледаш филм во тренерки.

Место каде што можеш да кажеш што мислиш и да не се грижиш за одговорот кој ќе го добиеш.

Чувството кога можеш да го споделиш својот товар, твојата историја, твоите грешки и да знаеш дека ќе добиеш насмевка полна со поддршка.

Удобно.

Можноста да влезеш во која било соба и да не бидеш напнат.

Знаењето дека без разлика на тоа што се случува, таа ќе биде тука.

Удобна.

Како човек кому никогаш не било удобно во своја кожа и кој имал многу животен товар, не верував дека ќе доживеам нешто вакво.

Со другите секогаш изгледаше дека нешто се испречува – од распоред до неподготвеност и слично. Се помирив со фактот дека можеби ќе завршам сам, затоа што тоа е подобро отколку да живеам во врска во која се сомневам.

За мене најпосакувано нешто во врска е удобноста.

Да, таа е паметна, духовита, добра и прекрасна, но многу луѓе ги исполнуваат тие критериуми.

Луѓето кои вистински не гледаат, кои не разбираат, се оние кои навистина го менуваат нашиот свет.

Се уште не знам подобар комплимент за неа од тоа дека таа е удобна...