Кој е најсилниот земјотрес кој ја погодил Македонија?

Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија Михаил Гаревски, денешните тресења ги спореди со земјотресот кој се случил во Валандовскиот крај во 1904 година, а кој се смета за најсилен на Балканот.

Тогаш имало првичен релативно силен удар, по што следел и главниот удар кој бил со јачина од 7,8 степени по Рихтерова скала.

Земјотресот од 1904 година во валандовско епицентрално подрачје се смета за најсилен на Балканот. Измерена е јачина на земјотрес М=7,8 по Рихтерова скала, а почувствуван со 10 степени по Меркалиева скала.

Во Македонија има триесетина епицентрални подрачја, а најсилни земјотреси се регистрирани во валандовското, скопското, дебарското и пехчевското подрачје.

cheap nike air max 90