Кој е најголемиот грев кој го прават дури и најдобрите луѓе?

Како мали не’ учеа за природата на негативноста и природата на гревот, но никој не ни кажа дека еден од најголемите гревови е неиживеаниот живот.

Пратени сме на овој свет да го живееме животот со полни гради. Лошо е искуството да се биде покрај смртната постела на некој кој е исполнет со каење, да го слушнете како би сакал уште една година за да ги направи работите кои секогаш посакувал да ги направи, но за кои верувал дека не може да ги направи додека не отиде во пензија. Цел живот ги одложувале своите сништа. 

Многу луѓе не го живеат својот живот на начин на кој посакуваат. Многу работи кои ги одвраќаат од остварување на нивните соништа се сосема погрешни. Тоа се само слики и привиденија во нивните мисли. Не постојат вистински препреки. Никогаш не смееме да дозволиме нашите стравови или очекувањата од другите да управуваат со нашата судбина. 

Ние имаме привилегија што се уште имаме време. Имаме само еден живот и жално е да го ограничиме поради стравот и погрешните пречки. Иринеј, извореден филозоф и теолог, има кажано: „Славата Божја е човек кој живее полн живот“. Прекрасно е да замисли дека правото божество е приустноста во која се ускладени сета убавина, единство, креативност, темнина и негативност. Божеството има таква страст за создавање и инстинкт за целосно остварување на животот.

Ако и дозволите на вашата природа да оживее, тогаш се ќе дојде на свое место. Ако го живеете животот кој го сакате, ќе примите благослови. Понекогаш недостатокот на благослов произлегува од фактот дека не го живееме животот кој го сакаме, туку го живееме животот кој се очекува од нас. Паѓаме надвор од ритамот со тајни трагови и светината на нашата сопствена природа.

Секоја душа има различен облик. Постои тајна судбина за секоја личност. Кога се обидувате да ги имитирате другите или да се ставате себеси во шаблон, ја издавате сопствената личност. Треба да се вратиме во внатрешната осаменост за повторно да го пронајдеме сонот кој лежи во срцето на нашата душа. 

Треба да го откриеме детето во нас. Кога повторно ќе ја откриме нашата детска природа, влегуваме во свет на нежни можности. Потоа ќе се најдеме себеси на место полно со радост, удобност и славје. Погрешните товари ќе отпаднат. Фаќаме ритам сами со себе.

air max 90 essential sale