Кој е Емил Димитриев, новиот македонски премиер?

Емил Димитирев, генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ и наследник на Груевски е роден 1979 г. во Пробиштип.

Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за Социологија, а  Постдипломски студии исто така на Филозофскиот Факултет во Скопје на Институтот за Социологија. Завршил школа за резервни офицери на Воената Академија во Скопје.

Во 2011 г. е избран за пратеник во Собранието на Р.Македонија (истата година повторно е предложен за заменик министер во Министерството за одбрана), функција што ја обавува од 2008 г. Претходно работел во ХС Злетовица, раководител на општ сектор, а пред тоа бил координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во советот на Општина Пробиштип.

Во неговата биографија пишува и дека поседува компјутерски вештини и зборува англиски јазик, а хоби му е лов.