Планетите Јупитер и Венера носат највеќе среќа оваа година, а нивното влијание ќе го почувствуваат сите знаци.

Овен

Вашиот пат кон среќата се авантурите, возбудувањата и акцијата. Тргнете се од рутината и од ситуациите кои прават да се чувствувате тешко. Сатурн ќе ви донесе нови и поодговорни улоги, можеби и промена на работата, но ќе дојдат и многу обврски со кои ќе морате да излезете на крај. Важно е да не заборавите на себе и на тоа што ви носи уживање и задоволство.

Ќе почувствувате големо ослободување ако се ослободите од работите до кои силно се држите, а не ви носат ништо добро.

Најсреќни периоди:

06 март-17 март : Меркур и Венера во вашиот знак носат нови содржини. Подготвени сте да пробате нешто ново, како во љубовта, така и на работа.

06 април – 30 април: Меркур ја нагласува вашата снаодливост и комуникативност. Во овој период ви доаѓаат дружења и патувања, но и нови професионални можности.

Бик

Престојната година ви носи нови можности за остварување нова стабилност и сигурност. Ќе ве штити Сатурн со кој можете да изградите нови можности и да ги зацврстите оние подрачја од вашиот живот кои беа извор на недоумици и тешкотии. Среќата се крие во вашата сила и издржливост и во способноста да истраете и да го остварите тоа што сте го наумиле.

 Јупитер ви носи задоволство и во вашиот социјален живот. Се јавува можност да го проширите вашиот круг на пријатели и во својот живот да ги пуштите оние кои можат да ве збогатат со ново знаење и корисни искуства. Ако сте сами, тоа е добра година за пронаоѓање на посебна личност, за уживање и прегратки кои долго ги чекавте. Среќата ќе ве изненади кога најмалку очекувате.

Најсреќни периоди:

1 јануари – 17 јануари : Марс во Шкорпија ја буди вашата страст, а Венера во Јарец ви носи шарм и убавина. Некој ќе ве забележи. Ова е вистинско време за љубов.

31 март – 23 април: Венера во вашиот знак ви дава силна привлечност, ве очекуваат материјални и љубовни добивки.

Близнаци

Тешките времиња остануваат позади вас. Влегувате во ново поглавје во животот, а таму се кријат нови можности. Среќата е нешто што самите го создавате, со својата насмевка, детски дух и затоа не давајте никому да го одземе тоа. Ако промените некои животни навики, пример: да почнете да вежбате или да се храните поздраво, ќе станете позадоволни од себеси и посамоуверени.

Ќе ви донесе среќа нова можност на професионален план, а можеби и вдомување домашно милениче. Луѓето кои ги знаете од работа ќе ви бидат од голема корист. Ќе ви го покажат патот кон нови остварувања. Кога станува збор за љубовта, конечно ќе заборавите на минатото и ќе ги излечите старите рани.

Најсреќни периоди:

24 април – 18 мај: Во овој период ќе ви биде исполнета една желба, која ќе ви го стопли срцето и ќе ве исполни со позитивни мисли. Уживајте.

30 мај – 11 јуни: Силни сте на зборови, уверливи и активни. Ќе остварите една работна победа.

Рак

Пред вас е година која ви носи љубовни промени. Ќе затворите некои поглавја од животот, а во пресрет ви доаѓаат нови прилики. Позитивното влијание на Јупитер ќе го збогати вашиот социјален живот. Ќе стекнете нови пријатели, ќе запознаете личности кои можат да ви помогнат во професионалниот напредок. Среќата ви доаѓа низ материјални и душевни добивки. Ќе излезете од осаменоста, нова љубов чука на вашата врата. Не дозволувајте стравот да ве запре.

Можна е и бременост, но и дружење со луѓе од кои можете многу да научите и да ги проширите погледите на животот. Ќе живеете активно, често ќе излегувате, ќе им кажете „не“ на оние кои ве исцрпуваат енергетски.

Најсреќни периоди:

1 јуни – 30 јуни: Ќе ви донесе среќа блискоска со оние кои ги сакате. Ова е можност да разговарате за своите чувства со партнерот или личност која многу ви се допаѓа.

04 декември – 31 декември: Романтика, страст, заљубеност, незаборавни моменти.

Лав

Како да се биде среќен? Напишете листа на активности кои ве прават среќни и кои прават да се чувствувате подобро. Така ќе ја намалите тежината од некои проблеми кои од време на време ве обземаат, а не ви е најлесно да ги решите. Оваа година носи голема поддршка од домот и семејството.

Заедничкиот живот со саканата личност може да биде извор на радост, како и организирање на домашни забави. Ќе ве усреќи и преуредувањето на домот, проширување на семејството и новата работа која ве очекува оваа година.

Најсреќни периоди:

17 јуни – 10 јули: Венера во вашиот знак ќе ви покаже колку сте сакани. Ќе ви стане јасно кои личности треба да ги задржите во својот живот.

13 декември – 31 декември : Ќе имате се што е потребно за среќа. Ова е време на пријатни изненадувања и промена која носи кон подобра иднина.

Девица

Конечно доаѓа среќен период. Сите тешки работи остануваат позади вас, а вие подготвено ќе свртите нова страница од животот и ќе ги прифатите сите нови предизвици кои ги носи годината.

Ќе имате можност да најдете мир и љубов со личност со која делите слични погледи на светот. Имате можност да станете родители или да обновите некои пријателства од минатото.  Јупитер ви носи среќа низ учење, патување и комуникација со луѓе кои ќе ве натераат на позитивно размислување.

Крајот на годината ве очекува преселба или решавање на станбеното прашање.

Најсреќни периоди:

05 јануари – 20 јануари: Полни сте со енергија и ентузијазам. Оние кои не се во врска би можеле да се заљубат, а зафатените ќе уживаат во љубовта со својата сакана личност.

11 јули – 31 јули : Вашата опуштеност и подготвеност за забава ќе бидат заразни. Ќе добиете многу комплименти на сметка на својот изглед. Ќе бидете многу среќни.

Вага

Понекогаш е тешко да се замине, да се напушти она што сме го имале со години, но всушност во тоа се крие клучот на среќата. Пронајдете мир заборавајќи на минатото и почнете да градите иднина, бидејќи таму лежи вашата среќа. Јупитер ви дава можност за финансиски и работни остварувања. Оваа година носи голема заработка за многу Ваги, а носи и самодоверба и почитување на своите вредности.

Престанете да гледате назад, не се надевајте на нешто што не се случува, време е да ставите точка на некои односи и ситуации и да најдете смисла за градење нови можности. Среќата ќе ве најде тогаш кога ќе успеете себеси да си кажете „да“ и да свртите грб на луѓето и работите кои ве трошат и растажуваат.

Најсреќни периоди:

7 август – 26 август: Уживајте во убавините на летото и допуштете и на Венера во вашиот знак да ве однесе кон оние личности кои ќе ве направат среќни.

25 октомври – 4 октомври: Ќе добиете понуда која ќе ви покаже колку вредите. Не трчајте кон оние кои не ве сакаат.

Шкорпија

Ова е една од најсреќните години во вашиот живот. Затоа не дозволувајте повремените проблеми и препреки да ве обесхрабрат. Сега го поплочувате патот кој ќе го чекорите во следните 10 години. Можете да ја проширите работата, да напредувате, а ќе го подобрите и односот со луѓето околу вас.

Свежо заљубените би можеле да навлезат во брачни води, а оние во долги врски ќе најдат начин како да ја отстранат монотонијата од својот живот. Ова е година на важни одлуки. Ќе се осмелите да направите многу работи за кои долго сте сонувале.

Најсреќни периоди:

1 јануари – 17 јануари : Страствени сте, полни со енергија и нескршливи. Се што ќе замислите, ќе го остварите во овој период. Среќата е на ваша страна.

3 декември – 31 декември: Прекрасно време за љубов. Бидете покрај оние кои ги скаате. Една личност е спремна на многу работи за да ве задржи во својот живот.

Стрелец

Сатурн го напушта вашиот знак и време е да ги заборавите сите тешкотии кои ве мачеа изминатите 2 години. Сега имате повеќе сила, одлучност и мудрост. Среќата ги следи храбрите и оние кои се осмелуваат да ризикуваат. Во идните 10 месеци ќе бидете толку среќни, така што ќе се чувствувате како да имате ангел чувар.

Ќе се појави личност која ќе ви помогне со своето знаење и искуство. А, штом дојде ноември со Јупитер во вашиот знак, ќе ве дочека период на среќа и просперитет кој ќе потрае и следните години. Затоа, подгответе го теренот за тоа што доаѓа.

Најсреќни периоди:

25 јануари – 10 февруари: Марс во вашиот знак ве повикува на акција. Излезете од комфорната зона и дочекајте го новото искуство кое ви носи огромно задоволство.

13 декември – 31 декември :  Ова е период на незаборавни моменти, нови познанства, но и голема љубов.

Јарец

Сатурн се движи во вашиот знак и ве поврзува со судбински пат. Набљудувајте го тоа што доаѓа во вашиот живот, не давајте отпор и дочекајте ја среќата со отворени прегратки. Некои средби ќе имаат судбински предзнак, па останете во таквите односи и ситуации за да бидете среќни.

Со помош на Јупитер, лесно ќе ги остварувате своите планови. Некои личности ќе веруваат во вашата способност и ќе ви понудат можност за професионална соработка. Некои Јарци ќе станат родители, но и ќе придонесат за подобро во заедницата.

Најсреќни периоди:

1 јануари – 18 јануари : Движењето на Венера во вашиот знак ви носи успешност во љубовта и финансиите. Заведувајте и дозволете да бидете заведени.

2 април – 17 април: Чувството дека сте привлечни и барани, ќе ви даде чувство на огромна среќа.

Водолија

Она што вие го барате и на што се надевате, можеби не е најдобро за вас. Среќата ве чека на места на кои ретко одите. Јупитер ви дава можност за наоѓање нови решенија, на професионален план. Можеби ќе почнете нова работа или пак ќе напредувате во онаа која ја имате.

 Тајните престануваат да бидат тајни и многу работи излегуваат на површина во вашиот живот. Така и полесно ќе дишете. Тоа ви носи нови искуства и нови луѓе.

Најсреќни периоди:

19 јануари – 09 февруари: Многу сте шармантни, духовити и го привлекувате вниманието на сите околу вас.

29 мај – 07 јуни: Ќе решите еден проблем од минатото. Ќе бидете крал/кралица на сите забави.

Риби

Ова е година на пресврти за вас и година во која ќе внесете нови правила и во која ќе почнете да верувате во себеси. Јупитер ви носи среќа низ патувањата и често одење во друг град. Ви доаѓа можност за образование или професионално усовршување во странство.

Сатурн носи образовани и искусни луѓе во вашиот живот кој ќе ве поддржат во исполнувањето на желбите и амбициите. Добра вест е дека ќе заборавите на некоја болка од минатото.

Најсреќни периоди:

10 февруари – 18 февруари :  Средба или разговор со поранешна љубов ќе ви донесе нов почеток.

5 декември – 31 декември: Нова љубов.