Ако сте еден од овие знаци, ви советуваме да бидете повнимателни и да не верувате секому.

Вага

Верувале или не – знакот кој највеќе ги одмерува и проучува ситуациите и луѓето, кому му е потребна цела вечност да донесе одлука, всушност често паѓа на измами. Причината за тоа е прилично едноставна  :  Вагите многу доцна реагираат. Со која и приказна да им чукнете на врата, тие ќе ја проголтаат на лице место. Потребно е само брзо да реагирате и веднаш да ги излажете. Со текот на време веќе им станува јасно што се случува, но често е предоцна.  Тогаш веќе почнуваат многу да се нервираат, дури и за најмали, бескорисни глупости. Треба да внимаваат, бидејќи нивниот мозок често се занимава со обработка на многу различни информации и прашања, па често во некои моменти многу лесно наседнуваат.

Риби

Бидејќи најголем дел од животот го минуваат во некаква нивна паралелна реалност, за нив важат различни закони. Тие се многу ранливи на секојдневни лаги, кои дури и мало дете би ги препознало. Најмногу се наивни на понудите за лесна заработувачка или кога станува збор за пари кои се стекнуваат преку ноќ. Тие не се луѓе кои сакаат да работат и заработуваат за материјална сигурност, но парите им се многу потребни. Дури и немаат никаква смисла за штедење и тука повторно можат да бидат изиграни. Тие лесно паѓаат на трикови, бидејќи лесно можете да им ја продадете било која бајка и да ги натерате да веруваат во неа.

Бик

Бидејќи се самотници и многу тешки личности за меѓучовечки односи, осаменоста може да биде главна причина да наседнат на лаги и изневерувања. Тие се многу претпазливи за трошење на парите за нештата кои се рекламираат, но некогаш ќе дадат се што имаат за своите блиски и сакани. Особено се наивни кога станува збор за љубовта. Заљубениот Бик не прашува колку чини нешто.

Биковите сакаат да им помагаат на луѓето за кои веруваат дека имаат вистински емоции за нив, и затоа лесно можат да бидат излажани за нечии чувства. Сепак, тие добро учат од искуството и никогаш не ја прават истата грешка неколку пати. Така барем тие мислат. За да наседнат на истата финта, потребно е само следниот пат да им ја завиткате во поразлично пакување.