Кои се трите најбаксузни хороскопски знаци?

Ова се трите хороскопски знаци кои најчесто се прашуваат што толку згрешиле па се такви баксузи!

Девица

Девиците се вешти во решавање на туѓите проблеми и во советување, но не знаат да си помогнат самите на себеси. Животот постојано непријатно ги изненадува. Во моментот кога помислиле дека сѐ е средено, одеднаш на нивниот бел тепих ќе се истури чаша црвено вино. Целиот живот им поминува во исправање „криви дрини“, па често се прашуваат со што го заслужиле тоа. 

Вага

Она што највеќе ги нервира Вагите е неправдата. Тие насекаде околу себе гледаат неправди, а и често ги чувствуваат на своја кожа и секогаш постои нешто што им го пореметува мирот и среќата. Тие сакаат да бидат детективи, да откриваат неверства и лаги, но проблемот е што сето тоа го сфаќаат многу лично. За нив и фактот дека постојат лоши луѓе е лична навреда. Кога ги решаваат туѓите проблеми, тие ги доживуваат како свои. 

Риби

Рибите се проклетство самите за себеси. Не ја сакаат многу реалноста, па често паѓаат во непријатни ситуации. На негативните животни околности реагираат бурно и непресметливо. Тие во својата глава имаат зацртано како треба да изгледа нивниот живот, но често тоа не се поклопува со реалноста. Кога ќе налетаат на проблем кој тешко се решава, секогаш на сила ќе се обидат да го довлечкаат проблемот на својата територија и својот свет во кој владеат поинакви закони на физзиката, математиката, духовноста. Ова особено важи кога се понесени од чувствата.