Кои се тајните на шармантните луѓе?

 

Џеф Хејден, еден од највлијателните и најпопуларните луѓе на ЛинкдИн и автор на речиси 30 книги за бизнис и комуникации, објаснува како некои луѓе многу лесно можат да ја добијат довербата на луѓето и да создадат позитивна слика за себеси.

Ова се тајните на шармантнтите луѓе кои можете и вие да ги искористите за своја полза и за унапредување на вашите односи со другите луѓе.

Тие не се плашат да изгубат

Шармантните луѓе не се трудат секогаш да победат во се. Напротив, нивната цел е да дадат повеќе без да очекуваат нешто за возврат. За нив, не е тешко да ги признаат сопствените маани, неуспеси или да зборуваат за своите слабости. И тоа не е нешто тешко да се направи. Тие ќе кажат: „Не можам да го направам ова, може ли да ме научиш.“, затоа што знаат дека луѓето ценат искреност и вистински емоции.

Тие отворено ви покажуваат дека им е драго што ве запознаваат

Одржувањето на контакт со очите е многу важно за еден разговор, а луѓето со харизма го знаат тоа. Тие се насмевнуваат кога вие се насмевнувате. Тие се намуртуваат или кимаат со главата кога вие го правите тоа. Тие не се трудат да ве повторуваат. Тие се фокусирани на тоа што го кажувате и ве слушаат внимателно, обрнувајќи внимание на вашите емоции и зборови. Тие повратни информации можат да ви помогнат да најдете заедничка основа со секого и да ја добиете довербата на соговорникот.

Тие бараат заедничко разбирање

Повеќето луѓе несвесно бараат недоразбирања и несогласувања, што може да води кон расправија наместо разговор. Шармантните и харизматични луѓе секогаш се трудат да најдат заеднички точки со сите луѓе. Затоа обидете се да најдете нешто заедничко со соговорникот. Ова помага при започнувањето интересен разговор и добивањето позитивна енергија и чувства.

Тие ја користат моќта на допирот

Допирот може да биде многу моќна алатка која им помага на луѓето подобро да ги разберат чувствата. Во еден експеримент, научниците се обиделе да изразат 12 чувства со тоа што ќе го допрат своите соговорници без зборови. На крај излегло дека 50 – 83% од случаите, овие чувства биле правилно изразени.

Затоа, кога ќе сакате некому да честитате, само размислете како да го направите тоа подобро. Дали да се ракувате или да потапшате некого по рамо – тоа зависи од ситуацијата. Ова ќе ја докаже искреноста на вашите зборови, ќе ги искаже вистинските чувства и ќе ја добие довербата на вашиот соговорник.

Тие умеат да ги користат изразите на лицето и гестикулациите

Допадливите луѓе ги истражуваат своите чувства многу добро и многу точно. Тие можат да ја претворат и најдосадната приказна во интересен разговор. Со гестикулациите и изразите на лицето (кога е прикладно), тие го искажуваат расположението на нивната приказна. И ова помага да се разгори интересот на нивниот соговорник.

Тие не се плашат да изгледаат будалесто

Тие не се плашат да бидат малку чудни. И она што е интересно е тоа што луѓето уште повеќе ги сакаат поради тоа. Кога сте подготвени да ги покажете вашите слабости и не се плашите да изгледате будалесто, луѓето не ви се смејат на вас, тие се смејат со вас. Затоа што сите разбираат дека тоа е во ред.

Тие умеат со прашањата

Шармантните луѓе лесно можат да ве натераат да зборувате за себеси. Тие не се колебаат да поставуваат прашања и отворено да зборуваат за себеси. Овие луѓе искрено сакаат да знаат што мислите и тоа ги прави доверливи личности. Кога ќе откриете нешто за некого, потрудете се повеќе да дознаете од нив за тоа и споделете нешто слично за себеси. Ова ќе ви покаже дека имате нешто заедничко и тоа ќе поттикне разговор.

Тие секогаш паметат имиња

Харизматичните луѓе секогаш паметат и имиња и многу други детали. Фактот дека некој ви го запаметил името и покрај тоа што само еднаш сте се виделе, прави да се чувствувате поважен во разговорот. Кажете го името на соговорникот на глас , запамете ги имињата на неговите пријатели и роднини и тој човек ќе има позитивно мислење за вас.

Тие повеќе слушаат, а помалку зборуваат

Повеќето луѓе воопшто не слушаат. Секој сака да ги сподели своите вести. И навистина е убаво чувството кога споделувате приказна и гледате дека сите внимателно слушаат и емотивно реагираат на вашите зборови. Шармантните луѓе слушаат и тие повеќе сакаат да слушаат отколку да зборуваат. Ова им помага да научат поинтересни работи за личноста и да најдат нешто заедничко.