Интернет порталот Onlinedoctor спровел интересно истражување чија основна цел била да ги открие причините за неверство кај мажите и жените.

Во истражувањето биле опфатени 2000 луѓе кои живеат на територијата на Америка и Европа, односно 1200 мажи и 800 жени. Резултатите покажуваат дека мажите и жените имаат различни причини за неверство.

Како што е наведено, жените често изневеруваат поради недостатокот на внимание од страна на партнерот, односно бидејќи се чувствуваат запоставено во врската. Жените истакнале дека се одлучиле на неверство бидејќи се чувствувале како веќе да не добиваат никакво внимание од партнерот и тоа ги направило да се чувствуваат емотивно празни и да најдат утеха во друга личност. Некој кој ќе ги цени повеќе.

Во однос на мажите пак, резултатите покажуваат дека тие изневеруваат бидејќи не можат да и одолеат на некоја згодна личност, односно дека се чувствувале слаби во однос на нејзината привлечност.

Истражувачите кои го воделе истражувањето додаваат дека за разлика од мажите кои по неверството се каеле, жените изразиле значително пониско ниво на каење.