Кои се непишаните правила на пријателството?

Пријателството е една од најцврстите врски кои ги создаваме во текот на животот. Голем дел од нив траат само одреден период, но некои од нив траат цел живот. И навистина е тажно кога ќе изгубиме пријател, без разлика на тоа кој бил виновен, што се случило или дали едноставно ни се разишле патиштата.

Во секое пријателство, особено во оние долготрајните и вистинските, постојат одредени непишани правила и премолчани договори кои ги прават истите пријателства толку цврсти. Прочитајте кои се тие:

1. Не смеете да си ги крадете пријателите

Сосема е нормално секој човек да има повеќе пријатели со кои се дружи. Има луѓе кои се обидуваат да ги преземат пријателите на своите пријатели. Ова е навистина многу чудно и на повеќето не им се јасни причините за ова однесување. Но, ова е многу важно правило и иако никој нема да ви го каже, сепак логично е дека не треба да ги преземате пријателите на вашите пријатели и уште назгора да ги откачувате заради новите пријатели.

2. Не може само еден да е центар на внимание

Во секое пријателство има одредена динамика. Врз основа на тоа што ви се случува во животот, едната личност некогаш ќе има повеќе случувања и ќе има повеќе за зборување и за споделување, а некогаш другата личност ќе биде во центарот на вниманието. Но, важно е да се менувате и да не дозволите само едната личност да биде центар на внимание, затоа што тоа може да предизвика проблеми и незадоволство, а и го прави пријателството еднострано.

3. Секогаш морате да бидете покрај своите пријатели

Секогаш. Тоа е можеби и најосновото и наједноставното правило. Кога сакате и почитувате некого, секогаш сте тука за него. И за добро и за лошо. И за смеа и за плачење. Не смеете да ги напуштате пријателите кога им е лошо, или кога вам ви е добро, па заборавате дека постоите.

4.  Не ги откачувајте

Секако дека секој има свој живот, но ако фатите дечко /девојка и одеднаш заборавате дека некогаш сте имале пријатели, тогаш запрашајте се колку навистина ви значеле тие луѓе и дали би ви било убаво некој ваш пријател тоа да ви го направи на вас?

5. Никако немојте да се плеткате со бившите партнери на пријателите

Ова е многу ризична зона. Бивши девојки/дечковци на пријател(к)и најчесто е многу лоша идеја. Дури и ако ви речат дека се согласуваат и дека немаат ништо против, сепак секогаш ќе има некоја чудна енергија и тензија во воздухот, затоа што некогаш сепак ќе треба да излезете заедно.