Кои се највисоко платените професии во земјава?

23.196 денари изнесува просечната нето плата која вработените ја земале во ноември 2017. 

Според статистиката на државниот завод 1,1% од вработените во државата не земале плата.

Меѓутоа, кои се највисоко платените професии во земјава? 

Доколку сакате висока плата, тогаш во воздухопловството сигурно ќе ја најдете. Овој сектор моментално е најплатен и таму платите изнесуваат 96.116 денари според статистиката на ДЗ.

Помалку платени се програмерите, консултантите и оние ои вршат сродни дејности, тие во ноември лани земале  50.248 денари

Финансиско-услужни дејности и фармацијата исто така остануваат меѓу најплатените гранки каде што платите се движеле од 45.251 денар до 2.377 денари.

Во спортот, забавни и рекреативни дејности и телекомуникации се земале плати од  40.193 денари до 38.940 денари.

Ако работите во маркетинг (реклама и пропаганда) и истражување на пазарот може да се надевате на плата од 37.209 денари а секторот на сметководство има 35.800 денари плата.

Највисоките просечни плати се забележуваат во деојностите: Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности (45.301 денари); воздухопловен транспорт (43.683 денари); Маркетинг (реклама и пропаганда) и истражување на пазарот (42.277 денари); Произодство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (42.021 денари) и Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови (40.906 денари). 

Најниски просечни плати има во дејностите: Производство на кожа и слични производи од кожа (11.303 денари); Производство на облека (12.379 денари); Производство на мебел (13.329); Преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал (13.301 денари); Рибарство и аквакултура (13.387 денари) и Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата (13.553 денари).