Кои се најлошите комплименти кои жените не можат да ги поднесат?

Кога се комплиментите во прашање, тоа може да биде навистина опасна територија за мажите. Поради ова, на мрежата Редит се развила дискусија во која жените откриваат кои се најлошите комплименти кои некогаш ги добиле и зошто не треба да ги користите.

„Секој комплимент кој почнува со „многу“. Многу младо изгледаш, многу си паметна. Не ми е убаво кога го слушам тоа, се чувствувам како нешто да не е во ред, во смисол стара сум и како да сум поинаква затоа што сум паметна.“

„Кога ќе ги извадам очилата за да ги избришам, а тој ми вели: „Баш си убава без наочарите.“ Го почитувам тоа што мислиш дека сум убава, ама очилата ми се потребни за да можам да те видам.“

„Мажи кои имаат потреба да ја коментираат големината на моите гради. Еден тип на Инстраграм ми прати порака со следната содржина: „Треба да знаеш дека имаш навистина убави гради.“ Човече, на тоа треба да кажам „Фала“?“

„Имам црвена коса и досега сум налетала на многу мажи кои ми кажувале дека сакаат црвенокоси затоа што биле луди. Фала ти што мислиш дека веднаш ќе скокнам во кревет со тебе само затоа што имам црвена коса.“

„Многу мажи досега ми велеле дека сакаат да излезат со мене затоа што сум не сум била како останатите девојки.“ Претпоставувам дека сакаа да ми кажат дека имам поинаков карактер. Но, кога ќе ми кажете дека не сум како другите девојки, се чувствувам како да не сум женствена и како да немам нормален живот.“

„Кога жена ќе направи нешто како и маж или покаже колку е паметна, немојте веднаш да и давате комплименти дека е убава, во стилот: „Браво убава, баш си паметна.“ Така се чувствуваме дека ни ја понижувате нашата сила.“

„Се што има врска со мојата тежина. Поради болест, неодамна изгубив многу килограми. Бев во шок кога видов колку мажи ми се пуштаа велејќи ми дека сум убава и тоа баш во моментите кога бев на лекови.“