Кои се најкритичните улици за сообраќајот во Скопје?

Битола е подрачјето со најголем број загинати лица во првите 11 месеци од 2017 година, веднаш потоа на листата е подрачјето околу Скопје.

Од почетокот на годината па се до денес во 23 сообраќајни незгоди загинале 24 лица на улиците во Скопје. Во споредба со 2017 година оваа бројка е намалена за 27 проценти, велат статистиките на Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајната статистика покажува дека најчеста причина за сообраќајни незгоди се неприлагодената брзина, недржење страна и правец и непочитување на правилата за првенство на минување.

Булеварите „Борис Трајковски“, „Кочо Рацин“ и „Партизански одреди“ се најкритични места во урбаните средини, додека населбата Арачиново е најкритична рурална средина во која најчесто се случуваат сообраќајни незгоди.