Кои се најголемите проблеми на модерната љубов?

Многумина се согласуваат дека кога станува збор за врските, работите порано биле многу поедноставни. Овие проблеми со кои секојдневно се носиме во светот на љубовните состаноци, а кои нашите родители ги немале, се вистински доказ дека порано навистина било полесно.

Правилото „Не смееш прв/а да се јавиш“

Денес толку многу се теоретизира за тоа кој треба прв да се јави, што другиот ќе мисли и дали некој ќе делува премногу или премалку заинтересирано. Порано помалку се филозофирало, а повеќе се делувало.

Создавање впечатоци преку социјалните мрежи

Порано, првиот впечаток беше прв впечаток. Денес првиот впечаток се создава на социјалните мрежи, а дури и ако прво ја запознаеме личноста очи во очи, се обидуваме да дознаеме каква личност е преку социјалните мрежи.

Лажно претставување

Лажните или разубавени профилни слики и лажните животни стилови денес се сосема нормална појава. Нашите родители имале многу помалку компликации по тоа прашање: тоа што го гледаш, тоа и си го добил.

Натпреварување кој ќе биде посреќен по раскинувањето

Социјалните мрежи значат и многу поинакво однесување по раскинувањето. Новите генерации се натпреваруваат кој ќе победи во побрзо преболување во виртуелниот свет, нешто со коешто нашите родители не се замарале.