Кои се критериумите според кои се мери добриот сон?

Кога зборуваме за здравјето, сите се согласни дека најважни елементи за здрав живот е „добра исхрана, „вежбање“ и „добар сон“. Но, што значи добар сон? Ова всушност и немало дефиниција се до оваа година кога американската организација „Национална фондација за спиење“ не ги објавила своите заклучоци.

Генерално знаете кога сонот е лош: хрчите, се првертувате, можеби и јадете додека спиете. Но, што значи добар сон е нешто коешто беше предмет на дебата со години. На еден таков панел биле прикажани околу 300 истражувања за квалитетот на сонот и на крај се гласало за критериумите кои покажуваат добар квалитет на сонот.

4 критериуми за добар сон

Без одложувања, еве ги квалитетите кои ја создаваат основата за добар сон:

  1. Не ви требаат повеќе од 30 минути за да заспиете.
  2. Не се будите повеќе од еднаш во текот на ноќта.
  3. Ако случајно се разбудите, не сте будни повеќе од 30 минути.
  4. Кога ќе легнете во кревет, спиете 85% од времето кога лежите.

Експертите препорачуваат неколку начини како да го подобрите спиењето. Држењето до распоред, т.е легнување и станување во исто време, правењето исти работи пред да си легнете... се ова може да го подобри циклусот на спиење на вашето тело. Јадењето, вежбањето, стресот, дури и вашата соба може да има влијание.

Ако проблемите со спиење не исчезнуваат, можеби е најдобро да посетите доктор.