Кои се главните разлики помеѓу љубовта и страста?

Понекогаш тешко е да се препознае кога станува збор за љубов, а кога за страст. Понекогаш ја мешаме хемијата со љубовта и тогаш настануваат вистинските проблеми. За да не ви се случи повторно, денес ви ги откриваме главните разлики меѓу љубовта и страста.

Недостаток на теми за разговор

Ако вашиот разговор се сведува само на секс или договор за следниот состанок, размислете дали е тоа нешто што сакате да продолжи и на подолги патеки. Заедничките интереси и теми се еден од клучните темели на една здрава врска, па затоа немојте да го занемарувате ова.

Различни ставови и погледи

Одредени темелни вредности се прв тест за вашата компатибилност. Ако вашите ставови околу иднината, начинот на живот и семејните вредности целосно се разликуваат, размислете дали би можеле воопшто да се замислите со таа личност во долга врска или брак.

Нетрпеливост

Се обидувате на сите начини да дознаете дали „тоа е тоа“? Со тој потег можете самите на себе даси докажете дека се работи за страст и дека хемијата почнала да се намалува, па чувствувате потреба дека морате нешто да преземете за да отидете чекор понапред, а сѐ што треба да направите е чекор поназад и да размислите убаво.

Лоша комуникација

Постојано се дообјаснувате еден на друг за тоа што сте мислеле и никако не може да пронајдете заеднички јазик? За жал, тоа значи дека вашиот однос треба да остане само физички или едноставно да се разделите.

Занемарување на другите луѓе

Природно е на почеток на заљубеноста да пројдете низ оваа фаза, но само накратко. Ако поради таа личност постојано занемарувате важни луѓе во вашиот живот, но и не се грижите за себе и кариерата, тогаш размислете дали и тој се грижи за вашето добро надвор од четирите ѕида на вашата спална соба.