Кои последици се јавуваат поради недостаток на сон

Тоа што се обиколуваме себеси со екрани има неочекуван нус ефект: не можеме да заспиеме. А поради тоа, патат и нашето тело, и нашиот ум.

Еве неколку ужасни нешта кои можат да ви се случат доколку не спиете доволно:

Настинки
Студија извршена на 164 здрави лица покажала дека оние кои спијат помалку од 5 часа дневно имаат поголема шанса да настинат, во споредба со оние кои спијат повеќе од 7 часа, без оглед на демографските карактеристики и тежината.

Проблеми со желудникот
Тоа што не спиете доволно може да предизвика симптоми на воспаление на цревата или желудникот и зголемување на киселините.

Потешкотии при учење
Недостатокот на сон ја попречува нашата способност да паметиме и процесираме нови информации. Истражувачите препорачуваат да започнуваме со работа рано и да се осигураме дека доволно сме спиеле.

Иритирање и промени во расположението
Истражувачите откриле и дека прекинувањата и нарушувањата на текот на работата нé иритираат повеќе ако не сме спиеле доволно.

Главоболки и мигрена
Истражувањата го поврзуваат лошиот квалитет на сон со мигрените и апнеата, па сé до обичните главоболки.

Намален порив за секс
Добриот сон е многу важен за здрава сексуална потреба и желба, и подеднакво добра реакција на гениталиите. Тоа колку спиеме влијае и на тоа колку често имаме секс со нашите партнери.

Лош вид
Недостатокот на сон се поврзува и со гледање двојно, замагленост на видот и болка во очите. Колку подолго сте будни, толку повеќе визуелни грешки ќе гледате и има поголема можност да халуцинирате.

Дебелеење
Кога не добиваме доволно одмор, поголеми се шансите и дека почесто ќе ужинаме и ќе имаме поголема потреба од храна богата со калории и јаглени хидрати.