На метаболизмот не влијае само тоа што го јадете и како се храните. Избегнете ги овие грешки и вашиот метаболизам ќе функционира како часовник.

Не јадете доволно луто
Новата студија објавена во магазинот "Appetite" открила дека кога луѓето додаваат малку луто пиперче за вечера, чувството на ситост порано се јавува, па дури и јадат до 30 проценти помалку храна од вообичаено. Лутата пиперка содржи капсаицин кој го забрзува метаболизмот така што влијае на испуштање на хормон кој го регулира апетитот и го намалува хормонот на стрес кој го поттикнува чувството на глад.

Многу седите
Седењето повеќе од три часа дневно за 74 проценти го зголемува ризикот од цела низа на метаболитички заболувања како што се срцеви болести, дијабетис, дебелина, висок крвен притисок и холестерол, во споредба со лицата кои на столче поминуваат помалку од два часа дневно. Причината за тоа е што мускулите не мораат многу да работат па трошат помалку од масните наслаги.

Ги миете зеленчукот и овошјето?
Пред да гризнете јаболка, помислете: дали е е измиена? Студијата од 2012 година која ја спровел "Environmental Health Perspectives" во врска со пестицидите кои најчесто се користат за прскање на овошје и зеленчук, открила дека загадувањето се таложи во мрсните клетки и предизвикува воспланеие кое влијае на метаболизмот. Кога имате можност јадете органско овошје и зеленчук, а доколку не сте задолжително измијте ги продуктите кои ги јадете, но без користење на сапуни, детергенти или каква било хемија. Користете исклучиво млаз вода.

Прескокнувате миење раце
Кога сте биле мали сигурно ве учеле дека е неопходно да ги миете рацете пред јадење, но мал број на луѓе го прави тоа кога ќе порасне. Истражувањата покажале дека само 5 проценти од луѓето ги мијат рацете пред оброк. За да го намалите ризикот од несакани инфекции задолжитено воведете ја оваа навика.