Кои Македонци земаат над 38.000 денари пензија?

Вкупно 302.683 пензионетри имало во Македонија заклучно со септември годинава, што е пораст во однос на 2015 година кога во земјава имало вкупно 301.728 пензионери, покажуваат податоците на ПИОМ.

Најголем број од пензионерите во земјава земаат ниски пензии под 12.000 денари, но има и такви чии пензии се драстично поголеми.

Така, во септември во Македонија имало 188 пензионери што земале пензии повисоки од 38.000 денари, 1.075 пензионери со пензии од околу 37.200 денари и 60 пензионери со пензии од околу 35.600 денари.