Кои благодети ни ги нуди праската?

Сите благодети на праската: Праската содржи 80 до 90 проценти вода, а многу малку калории, па е погодна како диуретик и средство за чистење на организмот.

Покрај тоа, содржи и корисни хранливи материи како бета-каротен, масти, влакна, билна маст, биотин, калциум, магнезиум, органски киселини, селен, скроб, фосфор и јаглени хидрати.

Праската во исхраната

Нутриционистите препорачуваат повеќенаменско користење на праската во исхраната. Тие предлагаат да пиете домашен сок од праска без дополнитени шеќери. Исто така, можете и самите да направите компот, а се препорачува и џем или слатко од праски кое можете да го конзумирате во текот на цела година. Чајот од лушпите на ова овошје исто така е многу корисно и има лаксативно дејство и е многу добар при борбата против инфекции.

Медицинска намена

Праската делува поволно на телото и може да се користи во медицински цели, па така спектарот на нејзините намени е широк и забележано е нејзиното поволно дејство при лечење на акни, астма, анемија, забни болести, срцеви заболувања и заболувања на крвните садови, бронхитис, анксиозност, импотенција, депресија, проблеми со паметењето, дебелеење, проблеми со бешиката и каналите за мокрење, штитната жлезда, стомачните тегоби, подуеноста, отоците на нозете, разни инфекции и ревматски болести, а и го зајакнува имунитетот.