Кога телото почнува да старее?

Научниците пронајдоа начин да го исклучат процесот на стареење кај еден вид црви, што еден ден, како што се верува, би можело да доведе до механизам за одложување на стареењето и кај луѓето.

Студијата спроведена на црви покажа дека адултните клетки почнуваат да пропаѓаат веќе со добивање на репродуктивна зрелост. Генетскиот прекинувач потоа овозможува почеток на стареењето со „исклучување“ на одредени процеси кои ги штитат келиите.

Ова откритие е значајно затоа што сите луѓе имаат ист генетски прекинувач и би можело да доведе до развој на лекови кои го одложуваат стареењето и одредени дегенеративни болести.

Извештајот објавен во стручното списание „Molecular Cell“ наведува дека е можно да се укаже на моментот кога почнува стареењето и тоа благодарение на црвот C. elegans. Овој црв има биохоемиско опркужување слично на човечкото, па истражувачите често го користат во проучување на дегенеративните болести поврзани за стареењето.

Научниците предводени од Ричард Моримот открија дека C. elegans почнува да старее само осум часа по стапување во повозрасна доба. Иако црвот нормално живеел, научниците можеа да видат јасна молекуларна промена по тој момент.