Кога сте љубоморни на своите пријатели, сетете се на овие нешта

Оваа емоција не е најпријатната на светот, особено доколку ги цените и сакате своите пријатели, но таа доаѓа понекогаш и ни изгледа како да не можеме да се справиме со тоа. Иако најпрвин се радуваме на нивните успеси, сепак има едно гласче во нас кое ни испраќа лоши пораки.

Што да направиме тогаш?

Нивниот успех не значи дека вие сте неуспешни

Ова е најчестата причина за љубомора кон своите успешни пријатели: кога се радуваме на нивниот успех, но и кога мислиме дека ние сме единствените кои остануваме неуспешни. Но, успехот е лична категорија и тој зависи од многу фактори. Можеби тие се успешни во една област, а вие во друга, можеби тие вложиле повеќе за да ги остварат своите цели, можеби пак имале повеќе среќа.

Добро е да се биде во друштво на успешни луѓе

Лесно е да се истакнеме меѓу просечните луѓе кои не тежнеат кон нешто повисоко и немаат цели и амбиции. Успешните луѓе зрачат со пособен сјај, тие ги гледаат нештата од поинаква перспектива и тие имаат моќ да ги инспирираат другите луѓе да успеат. Да бидеме во друштво на успешни луѓе е привилегија и позиција од која можеме да научиме многу и да станеме подобра и поуспешна личност.

Љубомората ги ограничува вашите шанси за успех

Љубомората има огромна моќ :  да ви донесе горчина и бес кои не можете да ги претворите во ништо позитивно. Таа ве тера да гледате во тесна перспектива, да се фокусирате на тоа што го немате, наместо на тоа што го имате и да мислите дека вие не заслужувате ништо добро. Не ви е потребна љубомората. Наместо тоа, потребна ви е мотивација дека треба да работите на себе и полека да го градите својот успех.

Сетете се колку вашите пријатели напорно се труделе да го постигнат таквиот успех

Тие се ваши пријатели и тие не се ниту мрзеливи, ниту глупави. Тие работеле напорно за да го постигнат успехот кој го постигнале. Успехот не доаѓа преку ноќ, а тоа е нешто што треба секогаш да го имате предвид.

Вашиот успех зависи само од вас

Можеби е тешко да се прифати толкава одговорност, но навистина вашиот успех зависи само од вас самите. Лесно би било кога би можеле таквата одговорност да ја префрлите на другите луѓе кои ќе ви донесат успех каков што посакувате. Но , би го ценеле ли таквиот успех подоцна?