Кога сме среќни за другите луѓе, ја зголемуваме и својата среќа

Кога станува збор за подобро здравје и убаво обликувано тело, секогаш постои дебата за тоа која вежба, односно физичка активност или пак храна е најдобра за да се постигне тоа. Еден ден е еден вид вежба, друг ден некоја суперхрана.

Но, кога станува збор за емпатијата и интелигенцијата, одговорот е еден: читањето. Но, не зборуваме за читање на долгите постови на социјалните медиуми или пак кратките твитови, туку за книгите.

Постојат многу причини зошто читањето е толку корисно за нас. Едно истражување спроведено во 2009 година во кое учествувале 200 деца на возраст од 8-10 години покажало дека оние кои читаат имале повеќе бела маса во мозокот. Таа е одговорна за начинот на кој нашиот мозок ги процесира информациите, односно овозможува тие да бидат регуларно процесирано во нашиот мозок и запаметени. Резултатите од ова истражување покажале дека децата кои читаат имаат можност полесно да разберат различни концепти и да ги процесираат информациите со помалку потешкотии.

Исто така, кога децата читаат книги кои не се напишани на нивниот мајчин јазик, тоа им помага да ги подобрат своите комуникациски вештини, но и просторно ориентирање.

Во однос на емоционалната интелигенција, многу истражувања покажуваат дека луѓето кои читаат, ги доживуваат истите емоции, што им помага и да бидат поемпатични. Тоа исто така влијае на начинот како ги доживуваме ситуациите, но и светот околу нас.