Кога ќе добиете чувство дека губите контрола над вашиот живот, кога имате толку обврски што 24 часа во денот не ви се доволни, сетете се на приказната на еден професор. Приказна за тегла, топки, песок и кафе.

Еден професор по филозофија стоел пред група студенти и држел некои предмети зад себе. Кога почнал часот, без зборови ја подигнал голема празна тегла, ја ставил на катедрата и ја наполнил со топчиња за тенис. Потоа ги прашал студентите дали е теглата полна. Сите се сложиле и рекле дека е полна.

Потоа професорот ја подигнал кутијата полна со камчиња и ги ставил во теглата. Благо ја потресол кутијата и каменчињата се заглавувале во празниот простор помеѓу топчињата. Тогаш повторно ги прашал студентите дали е теглата полна. Ти повторно одговориле дека е полна.

Следната кутија која професорот ја зел била полна со песок. Кога го ставил песокот внатре, песокот ги исполнил останатите празнини во теглата. Повторно прашал дали е теглата полна? Студентите збунето потврдно одговориле.

Потоа професорот извадил две шолји кафе и ги ставил во теглата. Кафето го натопило песокот. Студентите почнале да се смејат.

Откако се смириле, тој рекол: „Сега сакам да сфатите дека оваа тегла го претставува вашиот живот.“

Тениските топчиња се најважните работи во вашиот живот: семејството, децата, здравјето, верата и работите на кои страсно се предавате.Тоа се работите со кои вашиот живот и понатаму ќе биде исполнет, дури и кога се останато би исчезнало.

Каменчињата се оние работи кои се важни: вашата работа, куќа, автомобил. Песокот се преостанатите работи. Малите работи.

Ако првото ја наполните теглата со песок, нема да има повеќе место за тениските топчиња.

Истото важи и за животот. Ако го потрошите целото ваше време и енергија на малите работи, никогаш нема да имате време и место за важните работи. Водете сметка за работите кои се клучни за вашата среќа.

Играјте си со децата. Најдете време за лекар. Одете со вашите партнери на вечера. Однесувајте се ко повторно да имате 18 години. Секогаш ќе има време за да се исчисти куќата и да се направат поправки. Погрижете се за тениските топчиња, за работите кои ви се навистина важни.

Утврдете ги своите приоритети. Се останато е песок.

Една од студентките кренала рака и прашала: „А што претставува кафето?“ Професорот се насмеал:

„Драго ми е што прашавте. Кафето го истурам за да ви покажам дека без оглед на тоа колку мислите дека ви е полн животот, секогаш има простор за шолја кафе со пријателите.“