Изненадувачки едноставна вежба со која можете да ги ребалансирате вашите мисли кога се чувствувате депресивно.

Во суштина, во животот не може секоја секунда да биде исполнета со смеја и сонце. Сигурно ќе се соочувате со предизвици и ќе се чувствувате лошо одвреме-навреме. Без тие падови, не би ги ценеле успесите, па затоа не очајувајте ако понекогаш животот ви е тежок.

Наместо тоа, кога се случува нешто што вам можеби и не ви се допаѓа, се уште можете од тоа да научите и да пораснете. Можете да го ребалансирате вашиот ум, такашто негативноста нема да доминира со вашето размислување.

Како да го направите тоа?

Во суштина, работите се многу едноставни. Се почнало со психијатарот Виктор Франкл, ко зборувал за „со волјата до смислата“, а ја цврсто верувам во неговиот пристап кон животот. Тој вели дека наместо да очекуваме нешто од животот, треба да се запрашаме што животот очекува од нас.

Во нацистичките логори сведочел на човечката способност да пронајде смисла во се и сешто – дури и во најлошото страдање. Тој го искористил тоа искуство за да изгради сопствен начин на психотерапија – логотерапија.

Премисата е следната: Морате да се обидете да ја сфатите смислата во секој момент во животот, без оглед на тоа дали е негативно, неутрално или позитивно.

Ја гледам смислата во...

Откако ќе ги научите овие зборови, обидете се да ја завршите реченицата пронаоѓајќи смисла во вашата ситуација. Без оглед на тоа колку лошо можеби изгледаат работите, секогаш постои трошка позитивност скриена во моментот. Се што треба да направите е да ја пронајдете.

Овие три зборови можат да ви помогнет да ги надминете мрачните времиња со кои се соочувате и подобро да го разберете планот кој универзумот го има за вас.

Морате да се запрашате: Во овој миг, додека се носам со овие предизвици, што очекува животот од мене?

И да понекогаш животот ќе очекува да бидете тажни, да тажите за губиток, да почувствувате очај, но кога еднаш ќе сфатите дека постои смисол во вашето патење, полесно ќе го поднесете.

Пронаоѓањето смисла често е првиот чекор кон оздравувањето и може да ви даде други начини кои ќе ви помогнат да се носите со тоа што е пред вас. Не можете да ја блокирате болката, но можете да  ви пружи утеха во моментите кога болката е помала.

Секако, кога се соочувате со препрека, колку и да е мала или голема, корисно е да користите комбинации од неколку пристапи. Ова е само еден од многуте кои можат да ви помогнат. На крајот на краиштата, смислата е храна за духот.