Кога сакаш некоја личност вистински, не си заминуваш по првата кавга. Не си заминуваш бидејќи не можеш да се справиш со драмата и не ги креваш рацете во воздух, велејќи дека не можеш ништо да направиш. Не ги отфрлаш сите нешта, поради некоја друга среќа која полека ти надоаѓа во животот.

Кога вистински сакаш некоја личност, седнувате заедно и зборувате за тоа. Им давате шанса да објаснат и да ги решите заеднички  проблемите. Наоѓате компромиси. Наоѓате начини како да се подобрите.  Кога вистински сакаш некого, се бориш за таа личност. Не се откажуваш до последната опција и не претпоставуваш дека сите нешта се отидени „по ѓаволите“ и дека веќе не може да се направи ништо.

Кога сакаш некого, не ја поддржуваш таа личност само во добрите денови за потоа да ја напуштиш во лошите. Не те снемува одредени денови, за да повторно се појавиш некој друг ден. Не ги оставате на мира кога се болни или тажни, велејќи им дека не е ваш проблем да се справите со тоа. Кога сакате некого, во сите нешта се заедно, дури ни работите за кои не сте се согласиле.

Кога сакате некого, прифаќате дека врската или пријателството не се секогаш лесни. Знаете дека се случуваат лоши работи, но знаете дека можете да ги надминете сите работи.

Кога сакате некого, вие сте тука за нив, без оглед на сѐ.