Кога разумот вели да си одите, но срцето ви вели да останете...

Мислев дека кога еднаш ќе те видам со друга девојка ќе биде доволно. Дека автоматски ќе престанам да те сакам и дека ќе продолжам со мојот живот знаејќи дека заслужувам подобро. Не! Не се случи тоа, ама воопшто.

Не се случи ни кога видов дека правиш промени за неа, промени кои никогаш не сакаше да ги направиш за мене. Ми кажа дека си престанал да пушиш. Подоцна дознав дека тоа си го направил за неа. Знаеш што е најтажниот дел. Те замолив да престанеш да пушиш затоа што имав проблеми со дишењето и не можев да го поднесам чадот, но сепак пушеше пред мене затоа што ми рече дека не можеш да престанеш. А кога таа те замоли да престанеш, ти веднаш се откажа.

Ја покани на патувања со своите пријатели. Патувања на кои никогаш не сакаше да ме поканиш мене.

Ја поддржуваше во сите активности чиј дел беше таа, но никогаш не ги поддржа моите активности.

Ја вклучи во твојот живот многу повеќе отколку што ме вклучуваше мене.

Но, сепак надежта остана.

Библијата вели дека љубовта е трпелива и дека љубовта е добра, но не вели кога е вистинското време да се откажеш од љубовта.

Дали треба да се откажеш по неколку денови или ќе ти требаат месеци? А што велите за откажување во моментот кога ќе паднеш на подот затоа што можеш да слушнеш како ти се крши срцето?

Понекогаш тоа е неверојатна битка: твоето срце вели да продолжиш, но твојата глава ти вели дека едноставно не вреди да се бориш и дека заслужуваш подобро... Но, како да се одлучиш?

Секогаш велам дека вистинската љубов може да го издржи тестот на времето и дека ништо не може да ја спречи да надмине се и сешто, но сепак понекогаш доаѓа време кога човек треба да се одлучи дали вреди. Понекогаш треба да бидете цврсти и за двајцата, но понекогаш треба да се опуштите и да се заштитите себеси.