Кога последен пат ви платиле за прекувремена работа?

Во Македонија постои законска регулативата за работнитe односи која предвидува посебно плаќање на прекувремениот труд.

Според законот основната плата на работникот се зголемува кога работникот работи во услови потешки од нормалните за определено работно место.

Со колективен договор се утврдуваат потешките услови за работа од нормалните за одделни работни места и износот на зголемувањето по тој основ не зависи од висината на платата на работникот, туку се утврдува во единствен износ за сите работници што работат во тие потешки услови на работа.

Kога работникот работи во услови кои произлегуваат од распоредот на работното време, oсновната плата на работникот се зголемува по час најмалку за:

прекувремена работа: 35%

работа ноќе: 35%

работа во три смени: 5%

работа во ден на неделен одмор: 50%

За работа во денови на празници и неработни денови  утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%. Додатоците, меѓусебно не се исклучуваат.

Правото на зголемен надоместок по основ на работа во три смени работникот го остварува само за ефективно поминато работно време во смени. Воедно, основната плата на работникот се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж.