Кога некому значите, тоа се гледа на нив

Не морате да го слушате тоа од другите, кога им значите, многу лесно е да се забележи тоа. 

Кога некому му значите, тие не ве ставаат на последно место во својот живот, не смислуваат лаги за да се сокријат или за да ве добијат, не се служат со трикови за да биде по нивно. Кога некому значите, таа личност ве сака и цени.

Кога некому сте му драги, тие нема да го повторуваат тоа, а да се однесуваат поинаку во реалноста. Нема да имаат потреба да зборуваат за тоа. Ако некој мисли дека вредите, таа личност ќе сака да ве има во вашиот живот.  Ќе се бори за вас, ќе биде искрен/а и ќе преземе одговорност за своите чекори.

Ако некој ве цени, нема да ви треба многу време да го сфатите тоа. Ниту пак да се прашувате дали е тоа така. Едноставно ќе знаете. Лесно е да се види.