Кога некој јасно ви покажува дека не се грижи за вас, немојте да барате изговори

Колку и да ни е тешко да си признаеме, има луѓе кои нам ни се многу важни, но тие едноставно не се грижат за нас. Кога некој ќе ви покаже со дела дека не се грижи за вас, не чекајте уште милион пати да ви покажат дека вие за нив едноставно сте „13-то прасе“. Знам дека многу луѓе не им веруваат на енергиите кои ги опкружуваат, затоа што тоа не сме го училе во училиште. Но, сите оние кои се водат според својата интуиција и чувства, многу добро знаат кога некому се важни, а кога некој воопшто не мисли на нив. Кога некој речиси никогаш нема време а вас, кога воопшто не се интересира за вашите приказни, животи и работи кои ви се важни – тогаш оваа личност воопшто не се грижи, не мисли и не се замара за вас. 

И немојте да се убедувате себеси дека претерувате, затоа што навистина не претерувате. Кога некој не ве слуша, не ве бара, не сте им потребни, освен кога навистина сте им досадни, вие не сте им важни. Не, не грешите кога ќе си признаете самите на себеси. Со тоа признание ќе си направите голема услуга. Затоа што првенствено конечно ќе престанете да си го трошите време на некој кој не се грижи за себе и ќе се посветите на оние на кои навистина сте им важни.

Со останувањето во отровни пријателства, врски и слични човечки односи, само дополнително се затвораме себеси во затворениот круг на страдање поради кој не се чувствуваме добро. Сѐ додека дозволувате луѓето да се однесуваат со вас онака како што им одговара на нив, тие и понатаму ќе го прават тоа. Сѐ додека вие не го прекинете тоа!

Понекогаш се среќаваме со такви луѓе и имаме чувство дека треба да им помогнеме или да им помогнеме да ја надминат болката. Но, има луѓе кои не сакааш помош, туку само сакаат да црпат енергија од други луѓе, затоа што се научени да бидат празни. И од таа причина, често бараме изговори и оправдувања за луѓе кои воопшто не нѐ почитуваат и не се грижат за нас.

Кога некој со денови не ни одговара на пораките и повиците, а нѐ обвинува и се лути кога ние не сме достапни, тоа значи дека сме во отровна врска и дека не сме важни. Ако имате скршена нога, а некој цел месец не наоѓа половина час да ве види, не сте му важни. Не треба да барате оправдања! Тие личности најверојатно се такви со сите, не само со вас. 

Навистина е штета да им подарувате внимание и грижа на таков вид на луѓе, луѓе на кои не сте им важни. Иако тие никогаш не ви подаруваат внимание и време, сепак сакаат секогаш да им бидете на рапсолагање. А ако не го правите тоа, ќе направат да се чувствувате ужасно. 

Убаво е да се грижите и да бидете покрај некого во тешки времиња. Убаво е да одвоите дел од своето време и да подарите нежност, внимание, прегратка и љубов. Но, да подарувате дел од своето скапоцено време на луѓе кои јасно ви покажуваат дека вие сте една голема нула во нивниот  живот, тоа е навистина тажно.

Во денешно време има еден куп прекрасни луѓе и штета е да не ги запознаете само затоа што сте се концентрирале на погрешни луѓе. Мрднете од место и прегрнете го животот кој ве чека, со луѓе кои ве сакаат. Подарете си внимание на себеси. И ослободете го својот ум, енергија и тело од врски кои не треба да ги негувате.

Ако некому не сте важни, а уште назгора тоа и јасно ви го покажува, зошто да бидете дел од живот кој не ви носи љубов, самоостварување и самодоверба?