Кога не знаеш по кој пат да тргнеш, само седни и направи го ова

Чувај се. Секојпат кога ќе посакаш да промениш нешто погрешно во нешто исправно, не заборавај дека првата револуција треба да ја кренеш во себе, најважната личност.

Да се бориш за една идеја, а да немаш идеја за себе – тоа е една од најопасните работи кои можат да се случат. Секојпат когаќ е се почувствуваш изгубено и збунето, помисли на дрвата и сети се како тие растат. Не заборавај дека едно дрво со бујни лисја и мали корени ќе биде искорнато со првиот налет на ветрот, додека кај дрвото со силни корени, но со малку лисја, соковите едвај протекуваат.

Корените и гранките мораат да растат заедно, мораш истовремено да бидеш и внатре во работите и над нив, само така ќе можеш да понудиш и ладовина и засолниште и само така ќе можеш да се закитиш со цветови и плодови.

И кога пред тебе ќе се отворат многу патишта, а ти не знаеш по кој пат да тргнеш, немој да тргнеш со кого било, туку седни и почекај малку.

Диши длабоко и со доверба во себе, онака како си дишел оној ден кога си дошол на овој свет. Не дозволувај нешто да ти го одвлече вниманието. Чекај, и натаму чекај...

Биди мирен, молчи и слушај го своето срце.

Кога ќе го чуеш неговиот глас, стани и оди онаму каде што срцето те води.