Кога мажот ја прегрнува жената која ја сака...

Кога мажот тивко ѝ приоѓа на жената зад грб и ја прегрнува, тој со своите раце го затвора кругот.

Нејзиниот круг, но и својот. Круг на нежност, топлина, разбирање и заштита.

И во самиот центар на овој жив круг, тој ја става жената. Со самото тоа тој несвесно покажува дека сега Таа е центар на неговиот Универзум.

Мажот ја прегрнува жената во тишина. Молчи и жената. Таа чувствува како извира топлина од тие топли и молчаливи раце.

Кога мажот ја прегрнува жената, нејзе веднаш ѝ растат крилја.  

Во тој круг сѐ е спокојно. Удобно.

Таа, како шеќер, се топи од оваа молчалива нежност.

Која е таа сега, која стои во средиштето на неговиот жив круг? Што чувствува жената во овој момент?

Жена или девојка? Сакана или онаа која сака?

Тишина... со лесната прекривка на недореченоста се прекриени нејзините рамена... и ги крие своите мисли од него... или повеќе не ги крие?

Затоа што таа е сега прегрната, заштитена од надворшениот свет, кој е толку ладен и суров.

А тука, во неговите раце, е топло и удобно. Спокојно. Тоа се моментите за кои копнее жената, моментите кои ги чека и се надева дека ќе се случат.

Почесто прегрнувајте ја жената. Внесете ја во центарот на својот круг! Негувајте ја својата жена покажувајќи ѝ колку нежна и сензуална може да биде вашата љубов. Едноставно е, сакајте ја, таа копнее за тоа. Исто како и вие...

Прегнете ја саканата личност пред да заспиете...