Кога ќе заврши кризата со корона вирусот?

Др. Брус Ејлвард има искуство од 30 години во борбата против полио, ебола и други болести. Овој период, е вклучен во борбата против корона вирусот на позицијата советник на Генералниот директор на Светската здравствена организација.

Тој беше одговорен за мисијата на СЗО во Кина во текот на февруари со цел да ја следи ефикасноста на земјата со справување на вирусот, а потоа и да го сподели таквото знаење со останатите земји. Во своето интервју за Time, се обидува да даде одговор на прашањата кои се важни за сите нас.

Дали очекувате спречување на овој вирус во иднина?

Ако погледнеме наназад во однос на ситуацијата во Кина, можеме да видиме дека се потребни 3 месеци за да се даде целосен одговор на ваквата ситуација, да се средат работите и да кажеме дека работите полека се смируваат.Сепак, ако погледнеме низ Европа, Северна Америка и Средниот Исток се забележува стапка на раст. На овие земји ќе им бидат потребни повеќе месеци да се справат со ваквата ситуација. 

Во земјите во Африка, вирусот е на самиот почеток. Иако се бележи мал број на случаи, ако се погледне на кривата, сепак бројот е во пораст.

Како мислите дека оваа пандемија ќе изгледа за 6 месеци?

Верувам дека ќе постои во одредени делови од светот, но голем дел од земјите ќе се справат со тоа. 

Гледајќи напред во иднината, што можете да предвидите? Дали covid 19 ќе исчезне целосно?

Како што изгледа сега, ќе имаме голем бран на заболени низ различни делови од светот. Но, прашањето е што понатаму? Дали ќе влеземе во круг или ќе успееме да стигнеме до ниска бројка на заболени со која можеме да се справиме? Многумина веруваат дека вирусот не може целосно да исчезне, едноставно тој брзо се шири, така што нашата цел треба да е низок број на заболени.

Многу зависи од тоа што ќе направиме како држави, општества и поединци. Ако го тестираме секој поединечен случај, тогаш ќе успееме да задржиме низок број на заболени, но ако се потпираме само на строгите мерки на владите, тогаш секогаш кога тие мерки ќе се тргнат, ќе се соочуваме со слична ситуација.