Кога ќе ви побараат втора шанса, запаметете дека не ја заслужиле ни првата шанса која им ја дадовте

Кога стар оган ќе се врати во вашиот живот барајќи ви втора шанса, не дозволувајте вашата возбуда да направи да заборавите на минатото.

Запаметете дека никој не заслужува да биде оставен, никој на овој свет не заслужува да биде сметан за втора опција и да мисли дека не е доволно добар за некоја друга личност. Не ги заборавајте миговите кои ги поминувавте прашувајќи се дали сте доволно добри за нив и кога тие конечно заминаа, убедувајќи се себеси дека никој нема да ве сака така. Тоа што го имавте не е љубов, и пред да дадете некому втора шанса, прашајте се себеси дали сакате да поминувате низ истото.

Можеби ќе сакате да го романтизирате минатото, можеби ќе мислите дека сте осамени и ви е потребна таа личност во животот, но потсетете се зошто таа не е веќе дел од него. Кажете си ја себеси вистината, дека оние кои вистински ве сакаат, не би ве оставиле да патите, за потоа повторно да се вратат, преправајќи се како ништо да не се случило.

Не само што не заслужуваат втора шанса, туку и вие не заслужувате втор обид да бидете среќни, кој може да заврши на ист начин. Не ја заслужувате болката низ која поминавте претходно и сите лоши мисли со кои си велевте себеси дека не сте доволно добри за нив. Но, го надминавте сето тоа. Зошто сакате повторно да поминувате низ истото?

Кога старата љубов ќе се врати, барајќи втора шанса, кажете си себеси дека таа личност е последната на светот која ја заслужува вашата љубов и поддршка. Потсетете се на сите пријатели и блиски кои ве ценат и сакаат и кои беа со вас во сите важни моменти, кога таа личност реши да си замине од вашиот живот. На крајот на краиштата, сетете се на себеси и на тоа колку време ви беше потреебно повторно да се изградите себеси и да верувате во себе.

Не одете назад. Не им давајте втора шанса на луѓето кои не ја заслужиле ни првата шанса.