Кога ќе ти затреба помош, научи добро да ги набљудуваш луѓето...

Кога ќе имате потреба од помош во животот, ќе доживеете вистинско изненадување помешано со шок. Прво ќе ве изненадат оние од кои сте очекувале најмногу, а некако исчезнале за миг, а потоа позитивно ќе ве изненадат оние кои ви помогнале, а никогаш не сте ни помислиле дека ќе ви помогнат.

Тоа сознание може да биде драгоцено. И токму во тој момент ќе го откриеш најдоброто кај луѓето.

Не се залажувајте и залетувајте по луѓето кои сте ги запознале во моментите кога ви било добро, кога сте имале пари, кога сте нижеле успеси на сите полиња, затоа што она што ви го зборувале тогаш го правеле повеќе поради она што сте го постигнале, а не поради вас самите.

Кога ќе ви затреба помош, научете добро да ги набљудувате луѓето, затоа што луѓето немаат само едно лице, тие имаат стотина маски кои по потреба ги користат во различни ситуации. Кога ќе ви затреба помош, знајте дека нема да ја добиете од оние од кои највеќе сте ја очекувале, оние кои се правеле големи алтруисти и хуманитарци, оние кои постојано ги употребуваат зборовите како пријател, човечност и користат фрази од кои срцето ви се разнежува.

Кога ќе ви затреба помош во животот, научете добро да ги набљудувате луѓето, затоа што тука најдобро ќе ја видите  разликата. Тука се делат луѓето на оние кои ќе ви помогнат, без приговор и потценување и оние кои ќе ви постават услови или уште полошо после тоа во секоја прилика ќе го користат тоа и ќе ви го вадат низ нос, користејќи го тоа како џокер во секоја дискусија или кавга.

Ќе видите дека оние кои се преправаат дека се добри набргу ќе исчезнат, а ќе остане шака луѓе кои навистина се ваши пријатели.

Тоа сознание дека биде показател за  тоа во која насока ќе се движи вашата иднина, кои луѓе ќе ги цените како капка вода на дланката, а од кои луѓе едноставно ќе се простите и ќе продолжите понатаму.