Кога ќе поминувате низ животна криза и кога ќе исчезнат луѓето кои порано ве поддржувале...

Кога ќе влезете во некоја животна криза, апатија или малодушност, кога ќе се уморувате од паѓања и станувања на патот кон соништата, кога ќе исчезнат луѓето кои некогаш ве поддржувале, а ќе останат само оние кои ви поставуваат сопки, не се предавајте, туку бидете си сопствен мотиватор.

Мотивирајте се себеси такашто ќе си кажете на себеси дека не е важно мислењето на другите, оние кои се хранат од вашите падови, не е важно што другите не ви ракоплескаат, не ве поддржуваат, не се покрај вас, туку важни се целите до кои треба да дојдете и луѓето за кои ќе го направите тоа, затоа што тие ве сакаат. Само тие! Кажете си самите на себеси дека не е важно што сте се умориле, затоа што уморот е знак дека нешто добро сте направиле, важно е да знаете да се одморите, а потоа уште поенергично да продолжите понатаму.

Земете си време за себе, за својата душа и тело, дозволете сѐ да си дојде на свое место, а потоа вклучете ја вашата внатрешна сила. Не се откажувајте поради умор, само земете здив и по некое време сѐ ќе си се врати во нормала. Само бидете доволно трпеливи за да издржите додека е најтешко.

Кога ќе поминувате низ некоја животна криза, не се прашувајте зошто баш на вас ви се случило тоа, колку длабока може да биде, не се прашувајте каде се луѓето, туку најдете причина да бидете посилни од моменталната болка. Причината која ќе ја пронајдете ќе ја промени вашата перцепција, ќе ве натера да поставувате поинакви прашања и ќе ве натера да престанете да се гледате себеси како жртва, туку како личност која има избор во животот и го користи тој избор.

Кога ќе поминувате низ некоја животна криза, знајте дека тоа што се наоѓате во самрак, не значи дека утре нема да изгрее сонце кое ќе ви покаже дека сето тоа е само дел од еден поголем процес кој не го разбираме, а кој ни е потребен за да бидеме посилни и да ги совладаме сите предизвици кои ни го поставува животот.

Бидете уверени дека наскоро доаѓа победата, а вие сте тие кои сте заслужни за тоа!