Кога ќе почнете да се почитувате себеси, ќе ги сфатите овие работи...

Кога самопочитта ќе стане ваш приоритет, ќе сфатите дека своето време не смеете залудно да го трошите.

Секоја минута која ви е подарена постои за да можете да живеете исполнет живот.

Кога ќе почнете да се почитувате себеси, ќе сфатите дека тешко е да се дојде до вистински пријател. Сите се тука кога добро ви оди, но кога нешто ќе тргне наопаку, само вистинските остануваат.

Кога ќе почнете да се почитувате себеси, ќе сфатите дека најпрво треба да го почитувате сопствениот ритам. Ќе престанете да го исполнувате животот со стрес само за да ги задоволите луѓето на кои тоа ништо не им значи.

Кога ќе почнете да се почитувате себеси, ќе сфатите дека откажувањето и не е толку лоша работа. Сите големи работи во животот настанале како производ од некакво откажување од нешто.

Кога ќе почнете да се почитувате себеси, ќе сфатите дека соочувањето со другите е добро. Наместо да ги туркате проблемите и конфликтите во себеси, ќе ги извадите на виделина.

Кога ќе почнете да се почитувате себеси, ќе сфатите дека морате да се тргнете од негативни луѓе. Не само што негативноста може да ви го расипе животот, туку можете и да се разболете.

Кога ќе почнете да се почитувате себеси, ќе сфатите дека соништата понекогаш се сѐ што имате. Ако ги згазите и нив, ќе останете без цел која би ви ја покажувала иднината.

Кога ќе почнете да се почитувате себеси, ќе сфатите дека не е добро постојано да држите статус кво. Одете напред, а ако се вратите назад, секогаш ќе има можности да го поправите тоа што сте го згрешиле.

Кога ќе почнете да се почитувате себеси, ќе сфатите дека не e важно колку години сте живееле.

Единствено е важно колку живот имало во тие години...