Кога ќе дојдат тешките времиња, најдете сила да бидете трпеливи

Кога не можете да го контролиратсе тоа што ви се случува, предизвикајте се себеси да одговорите соодветно на таквите настани. Во вашиот одговор лежи вашата сила. Не очајувајте, не мислете дека бурата нема да помине. Размислувајте позитивно.

Кога изгледа како сите проблеми да натежнуваат на вашето рамо, предизвикајте се себеси да се соочите со нив со позитивна мисла.

Тогаш кога ви изгледа дека постои мала надеж во вас, предизвикајте се себеси да најдете повеќе. Кога патот на кој одите изгледа премногу тежок, предизвикајте се себеси да прифатите дека не можете да направите ништо за да ги промените условите во кои функционирате. Но, тоа што можете да го направите е да одите чекор по чекор и во себе да најдете сила и надеж за да продолжите понатаму.

Знајте дека тешките времиња не траат. Можеби понекогаш патот изгледа долг и тежок, но сетете се дека најубавите нешта во нашиот живот доаѓаат по тешките, како и сонцето по дождот. Не престанувајте да верувате, не престанувајте да се борите.