Кога ќе дојдат тешки времиња во нашиот живот, немате избор освен да ги издржите и надминете

Ништо не ви оди како што посакувате во последно време. Постојано сте под стрес, а не успевате да се одморите ни додека спиете, бидејќи се будите многу пати во текот на ноќта. Не можете да престанете да размислувате за проблемите кои ги имате, обидувајќи се да најдете решение и да се прашувате кога ќе престане ова. Вашиот мозок никогаш не се исклучува, никогаш не ви дозволува да мирувате.

Мислите дека нештата наместо да одат на подобро, одат на полошо, се чувствувате како да сте го достигнале дното, но следната ситуација ви делува уште полоша. Како стресот никако да ве напушта и никогаш нема да престане. Пред да успеете да се соочите со еден проблем, друг излегува.

Се прашувате уште колку можете да издржите. Постојано мислите дека ќе доживеете нервен слом, постојано ви се плаче, мислите дека ќе полудите. Но, и покрај сите ситуации успевате да се насмеете и да не дозволите другите да забелеажт како се чувствувате.

Што е уште полошо, им се истурате на оние кои не се виновни за тоа, кои ништо не ви згрешиле. Мислите дека на никого не можете да се потпрете, дека не можете никому да верувате.

Кога ви се случува ваква ситуација, кога сите нешта тргнуваат на лошо, немојте да мислите дека вината лежи во вас. Не ја барајте одговорноста во себе. Понекогаш лоши нешта се случуваат без причина, понекогаш за да не научат на важна лекција, а понекогаш за да направат место за подобри места во нашиот живот.

Лошите нешта им се случуваат и на добрите луѓе. Не постои правило. Не постои некаква вистина на кому треба да му се случат, ниту пак колку долго ќе се случуваат. Тоа што е важно е дека треба да научиме да издржиме, дека таквите нешта и ситуации не прават посилни и поиздржливи. Таквите ситуации создаваат силни луѓе.

Кога сите нешта тргнуваат на лошо, многу лесно е да посакате да се откажете. Да се откажете од пријателите, работата, од блиските. Но, не размислувајте на тој начин. Не дозволувајте еден лош ден, недела или месец да направат да донесете одлуки за кои подоцна ќе се каете. Потсетете се дека и претходно сте имале лоши денови кои сепак сте ги преживеале. Стегнете заби и издржете.