Кога изгледа најтешко, соберете сила и не застанувајте

Продолжете напред. Не се откажувајте. Сè што треба е да го поминете овој ден. 24 часа, 1440 минути. Тоа е сè што е потребно.

Дишете длабоко. Соблечете ги пижамите. Направете си појадок. Почнете од негде, со мали чекори. Кога мислите дека тоа што ви се случува е премногу, не бидете престроги кон себеси. Немојте ни да мислите дека тоа ќе трае вечно.

Денеска не е најдобриот ден од вашиот живот, но не е и најлошиот. Ослободете се од лошите мисли. Сетете се дека е само момент, час, еден ден. Не си се лутете себеси што минувате низ тоа. Не е ваша вина. Секој од нас мора да мине низ такви денови. Дури и кога изгледа дека е најтешко, не застанувајте. Продолжете понатаму.

Издржете до утре и тогаш веќе сè ќе биде поинаку. И денот по него. Повторно ќе се смеете и повторно ќе се фокусирате на тоа што ви е важно и што ве прави среќни.

Денес е само еден од оние денови.

cheap nike air max 90