Кога имате добра личност до себе, не вртете и го грбот барајќи подобро

Сите го сакаме најдоброто за себе. Сите сонуваме за принцот на белиот коњ или принцезата со златно срце.

Во животот запознаваме многу луѓе. Нè повредуваат, ги повредуваме, ги сакаме, ги отсакуваме. Минуваме низ различни врски, среќни и несреќни, успешни и неуспешни. Ја избираме личноста покрај себе поради тоа што имаме некои критериуми за партнерот кој го сакаме до себе.

Но, ако сте избрале да бидете со некоја личност, која ви ја дава сета своја љубов, не гледајте на страна, не барајте друга личност, некаква подобра верзија. Ако сте избрале да бидете со некого, сакајте ги. Не такви какви што можат да бидат, не такви какви што вие сакате да бидат, туку такви какви што сте. Сè друго е илузија.

Ако сте избрале да бидете со некого, сакајте ги,  дозволете им да ве сакаат, но не искористувајте ја нивната љубов. Не се однесувајте кон нив како да се пауза кон следната ваша голема љубов. Ако сте избрале да бидете со некоја личност, бидете им поддршка, помагајте им да станат подобри, но само ако самите го сакаат тоа. Не се трудете да ги менувате. Не барајте замена во другите луѓе, не размислувајте што би било кога би било. Ако не ви се добри, такви какви што се, не го трошете нивното време. Оставете ги на некој друг кој ќе ги сака повеќе.

Лесно е да се залажеме само за еден миг дека некоја друга личност со поубава коса, поубави заби, поубава насмевка е подобар избор за нас. Но, тоа некогаш е само дел од денот, дел од мигот. Не е постојано.

Ако сакате нешто друго, ако мислите дека заслужувате подобро, пуштете ги. Не ви должат ништо. Не мораат да се менуваат за вие да бидете среќни.

Сакајте ги или оставете ги. Но, не барајте им замена.