Кога имаш вистински пријатели, имаш сѐ во животот

Тие се оние луѓе кои те држат силно кога колената ја губат својата сила и мислиш дека не можеш да направиш чекор и продолжиш напред. Тие се нашата сила кога ја губиме својата.

Се потпираме на нив кога мислиме дека ќе паднеме во калта, а целиот свет ќе ни се смее и ќе се радува на нашиот неуспех.

Овие пријатели се нашата стабилност, тие ни помагаат да се држиме цврсто за земјата, да не заборавиме зошто живееме, зошто постоиме.

Секогаш кога паѓаме, тие ни помагаат да станеме. Нѐ потсетуваат дека имаме сила во себе, дека во ред е да плачеме кога сме тажни и да се смееме гласно кога сме среќни. Тие плачат и се смеат со нас. Нѐ сакаат силно и отворено. Ни дозволуваат да ги сакаме, онака како што знаеме.

И во нашите најлоши денови и најцрни расположенија, тие се тука за нас.

Тие нѐ охрабруваат кога сме несигурни во себе, кога имаме трема, кога се плашиме и кога нашиот глас почнува да трепери. До нас се кога сме тивки и кога гласно зборуваме, без престан.

Таквите пријатели одлично нѐ познаваат. И остануваат покрај нас и покрај сѐ. Тие не се преправаат пред нас и нѐ сакаат онакви какви што сме, без маски, без шминка. Дури и кога не се сакаме себеси, тие го прават тоа наместо нас.

Ни го покажуваат вистинското значење на пријателството, секој ден. Тие се доброто во овој наш свет. Тие се причината зошто веруваме во себе.