Кога имаш силна мајка, ги учиш најважните лекции

Силните мајки не се само силни мајки, туку и силни жени. Тие се оние кои научиле од своите грешки, кои знаат каде биле и каде сакаат да бидат и кои се подготвени да направат сѐ што е потребно за оние кои ги сакаат.

Секој кој пораснал со силна мајка – личност која не прифаќа „не“ за одговор, која ќе вози со часови за да те собере во текот на ноќта, која ќе се обиде да го реши секој твој проблем, знае дека таа жена е таква поради нејзиното искуство. Од силните мајки учиме многу.

Учиме многу од нивните зборови, но уште повеќе од нивните дела. Тие се секогаш искрени, отворени и директни.

1) Кога некој ќе ни каже дека не можеме да направиме нешто, треба да го направиме тоа. И, да го направиме добро.

2) Некои нешта можеме да ги направиме сами. И можеме да бидеме сами, бидејќи тоа е подобро отколку да се биде во лошо друштво.

3) Не треба никому да се извинуваме за тоа што го правиме. Никогаш не треба да се извинуваме ако не повредуваме никого со нашето однесување, а тоа ни носи успех. Никогаш не треба да се извинуваме ако сме добри во тоа што го правиме.

4)Не треба да се плашиме да бидеме гласни. Никогаш не треба да замолчиме, треба да бидеме гласни против неправдата, против оние луѓе кои му носат зло на човештвото, или на некоја конкретна личност.

5) Треба да ги охрабруваме луѓето, а не да се натпреваруваме со нив.

6) Не се нервирајте поради малите порази. Тие постојат за да ве научат на нешто. Не се оптеретувајте поради луѓето кои ќе се обидат да ве омаловажат и да ви покажат дека не вредите.

7) Не правете работи за да ги импресионирате другите. Правете го тоа поради себе.

8) Бидете чесни, сигурни во себе и секогаш весели.

9) Не дозволувајте да се споредувате со другите, ниту пак да дозволите нивните постигнувања да направат да се чувствувате несигурно.

10) Сакајте се себеси. Бидејќи никој нема да ве сака, ако не се сакате себеси.

11) Немојте да бидете среќни ако сте над другите. Тоа нема да ве однесе никаде. Не ги навредувајте и бидете љубезни со секоја личност која ќе ја сретнете.

12) Не им дозволувајте на другите да бидат злобни кон вас. Знајте ги своите граници и не давајте повеќе од една шанса.

13) Немојте да мислите дека сте слаби ако се извините. Тоа покажува зрелост.

14) Простувањето не ве прави слаби, исто така. Тоа ви помага да се ослободите од бесот и да продолжите понатаму.

15) Давајте комплименти со насмевка. И, прифатете ги комплиментите со насмевка.

16) Плачете ако ви се плаче. Не дозволувајте никој да ви каже колку е погрешно тоа.

17) Фокусирајте ја својата енергија да бидете подобра личност, а не полоша.

18) Ако некој ви згреши, само продолжете напред. Успехот е најдобра одмазда.

19) Не тежнејте да бидете совршени. Совршенството не постои.