Кога и да мислите дека светот е против вас, сетете се на луѓето кои ве сакаат

Потсетете се дека сте сакани. Вашето семејство би умрело за вас, вашите пријатели би направиле сè што е потребно за да ве видат среќни.

Вашите колеги ве почитуваат како личност. Постојат многу луѓе кои би сакале да ве видат повторно, луѓе кои нема да ве заборават.

Потсетете се на сите оние луѓе на кои сте им оставиле впечаток. На оние кои ве сакаат, дозволете им да ве сакаат.

Кога мислите дека светот е против вас, кога ви изгледа како ништо да не оди како што треба, свртете се кон овие луѓе. Побарајте ги нивната помош и поддршка. За сите оние денови кога нема ништо освен солзи во вашите очи и длабоки воздишки на очај и болка, сетете се на нивните моќни зборови. Дозволете им да бидат тука до вас и да ви го дадат тоа што ви е потребно.

Не сте сами.Зборувајте гласно, плачете, викајте пред нив. Тие секогаш ќе бидат тука за вас. Тие луѓе се вашите луѓе.

На светов има толку многу луѓе кои би нацртале насмевка на вашето лице бидејќи знаат дека ја заслужувате. Живејте се и смејте се за тие луѓе.