Кога ги нема мама и тато, ќе научиш кога има евтина струја и акции по маркетите

Моите старци се како и сите останати....тешко се разбираш, постојано нешто прашуваат, замараат со разговори, ме чекаат до 4 часот да се вратам  дома од излегување, па добро бе  МАМО , ТАТО имам 20 години.

Без чукање ми влегуваат во соба и тогаш знам дека треба да меморирам некој број во мобилниот телфон или да ја вратам серијата на телевизија која вчера мајка ми ја пропуштила бидејќи правлеа јадење... По 10 пати ме прашуваат што да ручаме......

Дојде време да се одселам.Еј конечно слобода, сам свој човек...Секој ден ќе правам журки никој нема да ми смета јјјјеее сам сум.

Оп доаѓаат првите сметките, па се пресметуваш како да го скрпиш месецот. Точно знаеш кога машина за перење и болјер може да уклучиш, си ги следиш дневните и неделните акции по маркетите за да заштедиш некој денар.

Од толку стегање, за да не се задолжуваш по другари најубаво се чуствуваш кога ќе ти се јават мама и тато и кога ќе те поканат на ручек и ќе ти кажат дека спремиле нешто да ти дадат.

Си викаш уф па ова е благодет, тогаш ништо не ти смета, се радуваш благодарен си на се.Те распрашуваат како ти е на работа, ти треба ли помош за нешто. Дали можеби ти требаат пари? Мудро си ќутиш и кажуваш дека немаш проблем финансиски. А само да знаат колку си благодарен за секоја храна која во тој момент ќе ти ја дадат.

Една работа сфатив дека моето тинејџерско незаинтересирано однесување нив ги растажувало.Родителите се досадни со нивните прашања, коментари, мешања, но овие работи тешко може да ги сфатиме кога сме малди, се до моментот додека не започнете вие самите да се грижите за себе.