Веќе со месеци се движиме во круг. Една минута сме добри, а другата се расправаме. 

Секој ден се трудам да бидам совршена за тебе. Да бидам личност која е достојна за твоето време. Се надевам дека некако ќе сфатиш што се случува и дека ќе почнеш да ме гледаш како што јас гледам вот ебе. 

Сè што сакав од тебе е само малку напор. Не барав да направиш чуда. Но, можеби правењето напор за тебе претставуваше големо чудо. Некако, како што сакав да ги поправам работите, така моите чувства стануваа посилни, но нештата  сè потешки и потешки. 

Но, не можам повеќе. Чувствата избледуваат, затоа што не се возвратени. Немирот е се поголем и ги уништува, едно по едно. Ти секогаш одбираше нешто друго, намесо мене. Но, научив од минатите грешки и сфатив дека не вреди да чекам засекогаш.  Можеби не си подготвен за вакво нешто сега, можеби и никогаш нема да бидеш. Но, немој да ме залажуваш. Не мораше да бидеш тука само кога ти ќе посакаше.

Се обидов да ти покажам, но ништо од тоа не вреди. 

Но, ќе биде во ред. Иако се плашам да живеам без тебе...сè ќе биде во ред. На крајот на краиштата, ништо не може да биде полошо од тоа да сакаш личност која никогаш нема да те гледа на начинот како што ти ја гледаш неа.

Време е за збогум.