Кога е најдобро да го пиете утринското кафе?

Скоро сите сакаме шолја топло кафе само што ќе станеме од кревет, но научниците препорачуваат да ја смениме навиката.

Кафето е прекрасно и на повеќето од нас ни треба за да „отвориме очи“ наутро. Има и бројни здравствени предности од пиењето кафе, а сега има и трик со кој може да слабеете со утринското кафе.

Сепак, научниците велат дека пиењето кафе веднаш откако ќе станете од кревет не е најпаметна одлука.

Најдобриот термин за првото утринско кафе всушност еден час откако ќе се разбудите. Причината е следна: кортизолот, познат како „хормон на стресот“, има три кулминациски периоди на лачење во текот на денот, а првиот час по будењето е еден од тие периоди, стои во заклучоците на едно мало, но значајно клиничко истражување.

Го викаме „хормон на стресот“ бидејќи се лачи во големи количини кога чувствуваме оптовареност или напнатост во ситуации што ги доживуваме како напорни (се намалува кога јадеме чоколада).

Меѓутоа, кортизолот може да го викаме и „хормон на спремност “, бидејќи причината зошто телото лачи повеќе кортизол кога сме под стрес е бидејќи ја зголемува спремноста за реагирање.

Пиењето кафе (со кофеин, секако) додека во телото нивото на кортизол е на највисоко ниво, го учи телото да лачи помалку кортизол, велат хронофармаколозите кои испитуваат како лековите и други состојки (како кофеинот) се во взаемно дејство со природниот биоритам на телото.

Затоа, за да го добиете најдоброто од кафето, почекајте еден час откако ќе станете од спиење. За следниот „кофеински фикс“, обидете се да ги одбегнете другите кулминациски термини на лачење на кортизол, што обично е околу пладне и по 17-18 часот.

На тој начин ќе се спасите од попладневната летаргија и ќе имате енергична и продуктивна вечер.