Кога човек е добар, секогаш се наоѓа некој кој пробува да го згази!

Кога човек е добар, секогаш се наоѓа некој кој ќе го гази, притиска и гуши. Секогаш се наоѓа некој кој ќе ве притиска и кој се труди од вас да го исцеди и последниот атом енергија.

Луѓето мислат дека кога си добар, тоа значи дека си глуп, па користат сѐ што можат и колку можат. Но, тоа е далеку од вистината.

Добрината без интелигенција не е добрина, во тој случај е наивност која брзо ќе спласне и ќе се испразни. Но, добрината во комбинација со интелигенција е најјсилна и најголема сила.

Не се откажувајте од критериумите кои сте ги поставиле, дајте им отпор на луѓето кои ве убедуваат да ги спуштите тие критериуми.

Кога ќе сфатите дека некој ја користи вашата добрина, насмевнете се и дајте им до знаење дека ја сфаќате нивната игра, покажете им дека не може да ве вртат околу мал прст. Покажете дека трагате по она што е најдобро во човекот, она што секој човек може да го даде.

Дајте им до знаење дека лесно можете да се завртите и да си отидете и дека единствена личност која може да изгуби од тоа се оние кои ве изневериле и предале. Не се откажувајте од вашите идеали. Луѓето кои истрајале во своите копнежи и соништа се луѓето кои го промениле овој свет на подобро.

Срцето на еден човек може да го промени личност која самата го променила своето срце, личност која се издигнала над материјалните интереси и која гледа подлабоко на животот, го гледа животот онаков каков што е.

Кога си добар човек, секогаш ќе најде некој кој ќе те гази. Но, издигнете се над тоа, покажете дека разбирате многу повеќе од тоа што сте го кажале, дека сте посвесни многу повеќе од тоа што другите гледаат и дека сте послободни во своите одлулки многу повеќе отколку што изгледа.

Така многу повеќе ќе ве ценат затоа што таквите личности се реткост, а всушност секој од нас може да биде таков. Не дозволувајте никој да ве гази, но никогаш и никаде не се обидувајте да ги газите другите. Таа рамнотежа е мудроста на животот.

 

 

 

air max 90 essential sale